Европскиот гигант за алтернативни никотински производи Evapify Group, ексклузивен увозник на премиум брендовите Crystal, GeekBar и Drooly, го назначи водечкиот трговец на големо и мало ALMA–M за овластен партнер и дистрибутер во Северна Македонија, отворајќи ново поглавје во развојот на пазарот на вејпови и никотински кесички. Evapify Group, водечка швајцарско-полска групација во сегментот на алтернативни никотински производи, потпиша стратешко партнерство со ALMA–M, компанија со повеќе од три…
Европскиот гигант за алтернативни никотински производи Evapify Group, ексклузивен увозник на премиум брендовите Crystal, GeekBar и Drooly, го назначи водечкиот трговец на големо и мало ALMA–M за овластен партнер и дистрибутер во Северна Македонија, отворајќи ново поглавје во развојот на пазарот на вејпови и никотински кесички.
Evapify Group, водечка швајцарско-полска групација во сегментот на алтернативни никотински производи, потпиша стратешко партнерство со ALMA–M, компанија со повеќе од три децении искуство во трговијата на големо и мало, која важи за една од најуспешните компании на Балканот.
Со оваа соработка, ALMA-M станува ексклузивен дистрибутер на премиум производите од портфолиото на Evapify, меѓу кои се глобално препознатливите брендови Crystal, GeekBar и Drooly. Партнерството означува почеток на нова развојна фаза, со фокус на проширување на пазарната покриеност, имплементација на современи логистички решенија, како и целосна усогласеност со европските регулативи и македонското законодавство.
Производите задолжително поминуваат низ ригорозниот процес на регистрација во Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Царинска управа на Република Северна Македонија, со поставување на соодветна македонска бандерола и регулирани внатрешни и надворешни упатства за употреба.
„Ова е природна надоградба на нашето повеќегодишно присуство на македонскиот пазар. Со ALMA-M добиваме сигурен и стабилен партнер, етаблиран на локалниот пазар, со чие искуство и доверба кај клиентите, заеднички ќе ги подобриме и зацврснеме нашите позиции на пазарот“ – изјави Дејан Манев, Country Director на Evapify за Македонија.
Соработката се темели на заедничка цел – обезбедување поголема достапност и повисок квалитет за потрошувачите.
„Evapify е групација со пазарно присуство на три континенти, која нуди иновативни, премиум производи развиени според европската TPD директива и највисоките глобални стандарди. Горди сме што заедно го подигнуваме нивото на достапност и квалитет на оваа категорија висококвалитетни производи на домашниот пазар“ – истакна Генералниот директор, Ивица Петровиќ од ALMA–M.
Стратешкото партнерство помеѓу Evapify и ALMA-M носи нови стандарди на пазарот со квалитетни алтернативни никотиниски производи во Северна Македонија. Ваквиот заеднички пристап дополнително ќе ја зајакне достапноста на премиум брендовите и ќе придонесе за понатамошен, долгорочен развој на целата индустрија во земјата.
Повеќе информации за Evapify погледнете на https://evapify.mk/
Комерцијален текст